Добивај вести на Viber
Град Скопје ги известува сите правни лица, коишто поседуваат недвижен имот на територија на Град Скопје, а имаат неплатен долг по основ на данок на имот заклучно со 2012 година, да си ги подмират своите обврски, затоа што Град Скопје ќе почне да ги применува законските одредби за присилна наплата.
Исто така, Град Скопје ги известува и сите правни лица и трговци поединци коишто имаат неплатен долг по основ на комунална такса – фирмарина за 2012 год. истиот да го подмират, во спротивно ќе се применат законските одредби за за присилна наплата.