Добивај вести на Viber
Свети Апостол Павле ќе се вика подземната улица што Град Скопје ќе ја гради под плоштадот и кејот. Советот на Град Скопје на наредната седница ќе им даде имиња на новите плоштади и мостови и ќе преименува некои улици.
Пешачкиот мост на реката Вардар што ги поврзува Кеј 13 Ноември и Археолошкиот музеј ќе се вика Мост на Цивилизациите во Македонија, Простор помеѓу црквата Рождество на Прсвета Богородица и Кеј Димитар Влахов ќе биде Плоштад Пресвета Богородица, Простор околу споменикот на Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег помеѓу улиците Битпазарска, бул.Гоце Делчев и бул.Филип Втори Македонски (Плоштад Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег), Простор помеѓу улиците Даме Груев и Македонија, во средиштето на постојни и новопроектирани објекти (Плоштад ВМРО), Простор помеѓу објектите на МОБ, Филхармонија, АЕК, Управа за финансиска полиција и МНР (Плоштад Мајка Тереза), улица Руди Чајавец (улица Методија Шаторов-Шарло), улица Владимир Комаров (улица 23 Октомври).