19 Мај, 2024
0.0289

Град Скопје ja запира градбата на објектот на „зелениот кров“ на ГТЦ

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber


Градбата на помошниот објект на кровот на ГТЦ, за кој еко-активистите тврдат дека ќе биде угостителски објект, е сопрена, објави Канал 5. Критиките од јавноста ја принудија градската администрација зеленилото на покривот да продолжи да го поставува, но за функцијата на објектот градоначалникот ќе одлучува со архитекти и активисти.

Еко-активисти објавија фотографии од Градскиот трговски центар а на истата велат дека се гледа како се гради кафуле, иако целосно кровот било замислено да биде „зелен“. Проблем претставува бетонската конструкција од 1000 метри квадратни, за која постои критика дека е всушност поголем дел од оној „зелениот“. Крајниот рок за изградба на зелените 1800 метри квадратни истекува на 30 ноември.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој неодамна во врска со оваа тема рече дека станува збор за помошен објект, без да објасни дали ќе служи за комерцијални цели.

Шилегов рече дека ако се констатира изградба на објект за угостителска намена, Градот ќе побара преиспитување и корегирање на позициите кои ГТЦ ги има во однос на тој објект“.

„Бидејќи во јавноста се крена галама, оправдана или неоправдана, не можам да кажам, сакам да биде соопштено што е тоа што имаат намера да го изградат на кровот на ГТЦ, бидејќи матичната согласност што ние ја дадовме беше поставување на урбана опрема а не изградба на објект. Ако се констатира дека се гради објект со таков тип на намена, ние ќе мораме да бараме преиспитување на таа позиција и корегирање на позициите кои што ги има ГТЦ во однос на тој објект“, рече Шилегов.


Можеби ќе ве интересира

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот