19 Мај, 2024
0.0350

Градежната компанија НАСТЕЛ ДООЕЛ реагира за анализата на ФОРТОН

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„Во анализата на Фортон, објавена во медиумите на 28.07.2015 година, Г-дин Влатко Богоевски изнесе во јавноста многу шпекулативни, манипулативни и пред сѐ невистинити информации за актуелните состојби на пазарот во Македонија. За остварување на свој личен интерес во јавноста се произнесе со необјективни констатиции кои може да му наштетат на пазарот на недвижности, градежните компании и финалните потрошувачи, односно купувачите на станови“ реагираат од Градежната компанија НАСТЕЛ ДООЕЛ .

Понатаму во соопштението се вели: „Во Градежната комора на Р.М. официјално членуваат околу 300 компании кои активно работат во оваа носечка гранка во растот на македонската економија години наназад. Покрај градежните компании кои се занимаваат со производство и продажба на станови, постојат и голем број на физички лица кои градат и продаваат самостојно. Оттука и произлегува нашето чудење за лажните тврдења на Г-дин Богоевски дека само пет градежни компании, кои наводно држат 60% од пазарот за недвижности во Македонија, ја диктираат продажната цена на становите. Реалноста е дека конкуренцијата е најголема токму во овој сектор на градежништвото. Вака големата конкуренција во изминатите години, пред сѐ помеѓу домашните компании, допринесе до значително подигање на квалитетот на станбениот простор, поставување на нови стандарди, одличен напредок во градежните регулативи за високоградбата и стабилизација на пазарот на недвижности кој опстојува исклучиво поради реална пазарна вредност на становите. Богоевски со невистинитите информации кои ги пласира на јавноста за според него нереалната пазарна цена на становите, не само што ја девалвира вредноста на непродадените станови, туку истовремено го девалвира имотот на уште 700.000 граѓани во Р. Македонија. Најавата дека има простор и дека цената на становите може да паѓа е неточна и само му нанесува штета на пазарот на недвижности, бидејки луѓето може да бидат заведени и да ја одлагаат реалната потреба од купување на стан чекајќи цената навистина да падне. Реалноста е дека цената не може да падне бидејки реалните трошоци го диктираат тоа. Односно ако некој денес купи стан по 1000 евра м², а утре цената падне на 900 евра м², би се случил негативен домино ефект на пазарот на недвижности. Ваквите непромислени и неверодостојни изјави се штетни не само за градежниот сектор, сопствениците на станови, туку и за банките кои кредитираат, а крајно и за целата македонска економија.

Фортон, агенција за продажба и изнајмување на недвижности, со ниту еден ден искуство во реализација на градежни проекти, компанија која не изградила ниту еден објект во Македонија е тотално некомпетента за детална анализа на трошоците за градбa, а тоа е јасно видливо од излагањето на Богоевски дека производната цена на м² станбен простор е помеѓу 450 и 660 евра, кој веќе следниот ден ја демантираше. Во Скопје производната цена на м² нето станбен простор е околу 900 евра, а во формирањето на оваа цена покрај градежните трошоци, со голем процент учествуваат локацијата, односно градежното земјиште, потоа комуналиите, трошоците за проектирање, ревизии и надзор, приклучоците, енергетската ефикасност што најчесто е од А-класа, што значително ги крева трошоците во производство и ангажираните средства на инвеститорите. Оттука произлегува дека профитот на градежните компании во оваа дејност реално е околу 10%, а не како што кажуваат анализите на Фортон и г-дин Богоевски за скоро 50% профит.

Од друга страна пак споредбите со бугарскиот пазар се комплетно неосновани поради една клучна разлика, а тоа е дека во Македонија се продава нето м² станбен простор и така и се пресметува производната цена на становите, додека во Бугарија се продава бруто м² станбен простор и секако производната цена се пресметува во бруто. За појаснување, купувачите на станови во Македонија плаќаат нето, а добиваат бруто станбена површина, што значи заедничките површини, како влезовите, скалиштата, ѕидовите, ходниците, лифтовите и слично кои се 30% од површината на станбениот објект, а не се вклучени во продажната цена на становите, а станарите ги добиваат во сопственост во идеален дел со купување на нето површината. Така што компарацијата на цената на становите во Бугарија и Македонија, крајно непрофесионално како што го прави Богоевски, е како да споредувате јаболка и банана, сличноста се сведува на тоа што и двете се овошки.

И конечно, за појаснување на фактичката состојба, во Општина Аеродром од над 20 компании кои во моментот имаат понуда на станови, 22% од станбената понуда само во оваа општина во Скопје е концентрирана во една странска компанија. Ако се има предвид дека продажбата на становите на овој странски инвеститор директно оди преку Фортон, тогаш е повеќе од јасно дека анализата пласирана во нашата јавност со цел нанесување штета и уништување на интегритетот на домашните компании кои ги плаќаат сите давачки, даноци, придонеси и го полнат буџетот на Р.М., вработуваат луѓе и домашни компании од сродни дејности и профитот го трошат во Р. Македонија се во потполност неосновани и манипулативни. Г-дин Богоевски, како претставник на компанија која посредува во купопродажба и издавање на недвижности, се вградува во цената со 2 до 5 % провизија за продажба, а за изнајмување и до 12% годишна провизија со плаќање однапред. Поради неприфаќањето на домашните компании со толку високи провизии да се оштетат купувачите на станови, неговата цел е со манипулативни информации да го наруши пазарот кој во моментов е во значителен пораст. Неразумно е да има пораст од 30% каков што има оваа година, доколку цените беа нереални и високи“.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО