19 Мај, 2024
0.0363

Градежниот Институт Македонија прослави 40 години од своето постоење

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Во пријатна атмосфера и во друштво на многу соработници и пријатели Градежниот Институт Македонија вчера вечер во хотелот Александар Палас  го прослави својот 40 годишен јубилеј. Основан во 1975 година, овој институт за време на период од 4 децении создаде уникатен бренд кој нуди услуги во сите области на градежништвото или “се под еден покрив“, почнувајќи од планирање, истражување, проектирање, контрола на квалитет, па се до надзор и градежништво.

GIM_13 (2)

На настанот до сите присутни се обрати и генералниот менаџер на Градежниот Институт г-дин Михо Јаневски: „ Кога зад себе имате 40 години напорна работа, искуства, справување со најразлични предизвици во променливи економски и општествени услови ви дава за право да говорите од позиција на искусна компанија која денес ја има лидерската позиција во сите сегменти на градежништвото. Досегашните успеси ни задаваат уште поголема обврска и решителност во напорите да идеме напред и да создаваме нови вредности за нашите клиенти и партнери, да бидеме постојано супериорни во индустријата, да создаваме предвидливи приходи за нашите акционери и да обезбедуваме динамична и поттикнувачка средина за нашите вработени“.GIM_10 (3)  

Градежниот Институт Македонија е компанија која има голем пазарен удел на проектите во Р.Македонија, како и соработка и учество на пазарите во регионот и тоа пред се во: Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, каде има и свои претставништва. Со зголемување на соработката со регионални и европски компании и влегување во нивната мрежа се отвораат можности за заеднички настап на трети пазари.

GIM_16 (2)

Покрај ширењето на нови пазари уште еден многу важен сегмент е постојаното вложување во едукација, истражување и развој. За таа цел, ГИМ изминатата година го основаше Научниот институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика - ИЕГЕ. Неговата основна визија е да се позиционира како регионален центар на извонредност преку остварување на додадена вредност за компаниите од магистерски и докторски трудови.

GIM_18 (2)

Создавајќи спој помеѓу академската и бизнис заедницата, ИЕГЕ овозможува подигнување на квалитетот на кадрите кои ќе придонесат кон креирање на стратегии за одржлив бизнис развој и економија базирана на знаење.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст