Добивај вести на Viber
Продолжуваат маките на пазарџиите кои продаваа стари работи на дивиот пазар наречен „Бувљак“. Откако општината Центар пред две седмици го расчисти просторот кој делумно беше претворен во депонија и забрано повторно да се создаде пазар под Калето, пазаржиите се населија во близина на Американската амбасада и таму ги поставија импровизираните тезги, притоа барајќи од властите да им дадат место за поставување на пазарот.
„Општина Центар ја заврши својата обврска за расчистување на просторот кој беше претворен во дива депонија. Инаку, наоѓањето решение за легален пазар на стари работи е во надлежност на Градот Скопје“, порачаа од општина Центар од каде, како што пренесе Плусинфо, додаваат дека општината е во преговори со Град Скопје да се најде соодветна локација за „Бувљакот“ и потенцираат дека новата локација ќе зависи од разговорите.
Од Град Скопје пак ја префрлаат топката и порачуваат дека проблемот е кај општината и и таа треба да го расчисти. Велат дека иако сообраќајницата на која се наоѓаше „Бувљакот“ е под Градот, сепак зелената површина е под надлежност на Центар.
Во меѓувреме пазарџиите на отстапуваат. Тие порачаа дека на импровизираните тезги ќе продолжат да продаваат стари работи бидејќи на голем дел од нив ова им е единствена егзистенција.
Пазарот на стари работи под Кале го
отстрани општината Центар со оправдување дека депонијата таму им пречела на луѓето кои гравитираат во околните објекти под Калето.