18 Мај, 2024
0.0373

Градските власти се гарант за кредитот за новата зграда на ЈП “Водовод и канализација”!

Објавено во: Економија 26 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Градот Скопје ќе му биде гаранција на јавното претпријатие “Водовод и канализација”, за заемот што претпријатието ќе го земе од една од домашните банки. Се работи за заем во висина од 7.317.073 евра, што јавното претпријатие ќе го земе за доизградба на својата управна зграда. За издавање на гаранцијата за долгорочно домашно задолжување на ЈП “Водовод и канализација”, градските советници ќе распрваат на утрешната седницва на Советот на Град Скопје. - Град Скопје безусловно и неотповикливо се обврзува и ги гарантира сите плаќања на ЈП “Водовод и канализација” – Скопје кои ќе произлезат од  договорот за заем склучен врз основ на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на ЈП “Водовод и канализација” – Скопје, број 0201-6519/4 од 16.06.2014 година донесена од страна на Управниот одбор на ЈП “Водовод и канализација” – Скопје. Средствата од задолжувањето ќе бидат искористени за реализација на проект за доизградба на Управната зграда на ЈП “Водовод и канализација” – Скопје и за која е издадена согласност од страна на Советот на Град Скопје, стои во образложението од Градот Скопје. Инаку кредитот што ќе го земе претпријатието за доизградба на управната зградба, е со каматна стапка до 8% на годишно ниво, грејс период 2  години, и рок на отплата 10 години, без вклучен грејс период. Досега вкупните трошоци за изградба на објектот се околу 10 милиони евра, но  директорот, Бојан Василевски, неодмна изјави дека толку и било планирано. Новата зграда која се наоѓа под Калет на кејот на реката Вардар е со барокна фасада..Првично изградбата и беше доделан на австриската фирма „Алпине бау“, но откако компанијата банкротираше претпријатието го раскина договорот и по застој од неколку месеци склучи нов со фирмата „Алдинг инжинеринг“ за доградба. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра