Добивај вести на Viber
Според извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) јавните расходи за образование значително се разликуваат меѓу различни земји. Во исто време во текот на последните години просечниот удел од јавните трошоци во целина, наменети за едукација, се зголемува на светско ниво, макар и со минимални вредности.
На чело на листата е Нов Зеланд, која одвојува 21,6% од буџетот за образование. Мексико е малку под неа со 20,5%. Првите три места се дополнети од Бразил, каде за финансирање на образовниот систем одат 19,2% од јавните трошоци. Малку зад лидерите се Јужна Кореја и САД, соодветно со 16,5% и 13,6%.
Во топ 10 на земјите кои инвестираат најмногу за образование, влегуваат и пет европски земји - Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Швајцарија, која е на челна позиција меѓу нив со 15,7%.
Просечното ниво во Европската унија според овој показател е околу 5,3% а на дното на листата се Романија и Бугарија. Македонија ја нема во ова рангирање.
К.К.