14 Мај, 2024
0.0262

Графикон: Плочите се враќаат во живот

Објавено во: Стил 29 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Додека целиот свет зборува за Spotify, Pandora, и Tunes и други дигитални музички услуги, одамна заборавениот носител на музика се враќа во живот - плочата.

Во 2013 година во САД се продадени 6,1 милиони албуми на плочи, што е значително повеќе од бројката во 2005 година и 2006 година, кога продажбата не достигна ниту до милион, пишува Statista.

Истата тенденција се забележува во Велика Британија и Германија, каде продажбата на плочи стигна до највисоко ниво од почетокот на 90-тите години.

Глобалната продажба на плочи достигна 218 милиони долари во изминатата година и едно е сигурно - подемот на плочи продолжува и во 2014 година.

Постојат неколку можни причини за ненадејната преродба на плочите. Музичките фанови секогаш го ценат топлиот, органски звук на плочата, но појавата на дигиталната музика доведе до пад на продажбата на плочи.

Голема заслуга за тоа имаат стриминг услуги како Spotify, кои ја направија музиката достапна и однесоа дел од задоволството од поседување на албум на материјален носител.

За оние кои претпочитаат да поседуваат музика на физичка копија, плочите можат да имаат поголема вредност отколку дисковите. Да не заборавиме дека продажбата на дискови во последно време е исклучително слаба.

Освен тоа многу издавачки компании продаваат плочи со кодови за симнување од интернет, благодарение на што купувачите го добиваат најдоброто од двата света. Сепак продажбата на плочи сеуште носи само мал дел од приходите во музиката.

Погледнете ја статистика на продажбата на плочи од 1997 година.

K.K.