Графити против Ахмети и ДУИ се испишани во Тетово
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2019
По улиците на Тетово синоќа беа испишани бројни графити против Али Ахмети и неговата партија ДУИ. На дел од нив пишуваше: „Муса+Али УДБА сте двајцата“, „Гадови, одете си од Тетово“, „ДУИ, марш од Тетово“, „Али, оди си“..., објави Цивил Медиа.
На некои профили на Фејсбук беше објавено и видео од оваа акција на група млади тетовци.
фото Цивил