14 Мај, 2024
0.0231

Граѓанин до Каменос: Хеликоптерите супер пума каде беа?

Објавено во: Балкан 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за одбрана и коалиционен партнер во грчката Влада, Панос Каменос, при неговата посета рано утрово на населбите погодени од катастрофалниот пожар се соочи со гневот на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. 

Две девојчиња низ плач и со гнев му раскажаа како го преживеале пожарот и што се случувало. Пливале 4 часа за да се спасат.

„Тие што седеа на копно изгореа. Тие што беа длабоко во морето, се спасија. Длабоко, онаму каде што не стапнуваш. Дојдоа од крајбрежната служба, но не можеа да се приближат. Ни велеа влезете во море за да се спасите. Како да влезат старите лица? Ни во плитко не можат да пливаат“- кажа едно од девојчињата кое со нејзиниот татко го сретнаа Каменос на улиците во населбите што изгореа во пожарот. 

Тие истакнаа дека во морето биле од 18.30 до 23 часот.

„Огнот се изгаси во морето. Леташе стакло и на децата им викав да не гледаат зад нив. 4 часа пливаа. Им велев не се враќајте назад, бидејќи летаат искри во очите“- раскажа таткото на девојчето, кој има член од неговото потесно семејство што со сериозни изгореници се бори за живот во една од атинските болници.

„Господине министре, хеликоптерите супер пума каде беа? Изгореа луѓе“ - праша еден од граѓаните.

Тој рече дека од 20 часот, бродовите биле тука. 

Во разговорот со граѓаните, министерот за одбрана рече дека армијата се обидува да помогне, колку е можно повеќе.

Министерот за одбрана, коалициониот партнер во грчката влада и лидерот на Независни Грци, Панос Каменос е првиот министер од грчката влада, кој ги посети населбите погодени од пожарот во кој загинаа најмалку 81 лице, а непознат е бројот на исчезнати.

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни