ГРАЃАНИТЕ НА ПРОТЕСТ: Бараат Иванов да не го потпишува указот
Објавено во: Македонија 18 Март, 2018
Пред Владата денеска околу 200 луѓе протестираа за да го искажат својот револт против новиот Закон за употреба на јазиците.
Тие повикуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува указот, за да не се воведе двојазичност во Македонија.
Протести против усвојувањето на Законот за употреба на јазиците деновиве имаше и пред домовите на неколку пратеници од СДСМ во повеќе општини.
Вчера се протестираше во Прилеп, а денеска и во Битола.