18 Јануари, 2025
0.0290

Граѓаните се незадоволни од услугите на Фондот за здравствено осигурување

Објавено во: Мои пари 07 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Граѓаните се најзадоволни од услугите на Централниот регистар, а најмалку од услугите на Фондот за здравствено осигурување. Односот на шалтерските работници е најдобар во Агенцијата за катастар, помалку во Агенцијата за вработување и Царинската управа. Во Централниот регистар најмалку се чека ред и најподобрено е работењето.

Ова се резултатите од проектот „Таен клиент“ што го спроведе Министерството за информатичко општество и администрација во периодот мај-јуни 2013. Направени се 2.700 анкети во десет подрачни единици на вкупно девет институции од кои граѓаните најчесто бараат услуги, 540 ненадејни посети од најмени агенти кои се претставувале како директни корисници, како и по три телефонски повици во секоја институција.

Според анализата, граѓаните се генерално задоволни од услугите на администрацијата, но планираните реформи за поефикасно функционирање мора да се спроведат.

- Подолго чекање ред пред шалтерите, телефонски  нејавувања од страна на операторите, недоволно хигиена и неприлагодена температура во просториите се само некои од детектираните слабости поради кои одредени институции треба да го реорганизираат работењето, рече денеска министерот Иво Ивановски.

Презентирајќи ги резултатите од спроведената анализа, Ивановски нагласи дека во речиси сите институции граѓаните ја добиваат услугата на првата врата без да бидат препраќани на друго место или шалтер.

- Ова истражување е во рамки на проектот за реформи во јавната администрација кој треба да покаже какви се услугите на институциите кон граѓаните, истакна министерот.

За четири недели, додаде, државните институции кај кои беа утврдени слабости ќе треба да направат акциски план за нивно надминување. По шест месеци проектот ќе биде повторно спроведен за да се види дали има промени во работењето.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение