Добивај вести на Viber
Вонредна седница се одржа во општина Центар поради последните случувања со паркиралиштата на нејзината територија и ситуацијата во ЈП Паркинзи Центар. Притоа едногласно беше прифатено од советниците кои ги усвоија заклучоците градоначалникот Жерновски да спроведе контрола на документите на претпријатието. Ќе се утврдува какви се пропусти биле направени кога ова претпријатие е формирано, додека градоначалник беше Владимир Тодоровиќ. Жерновски исто така треба да побара службите од Градот да ја одложат акцијата додека се проверуваат состојбите во Паркинзи-Центар чиј директор пак треба да предложи план до Советот за тоа како ќе функционираат со намалени приходи.
На вонредната седница, советниците на општина Центар водеа жестока расправа за незавидната состојба во која е доведено претпријатието, по спроведување на одлуката за отстранување на хоризонталната и вертикалната сигнализација од страна на Град Скопје и МВР.
Во текот на седницатаимаше силна пасправија меѓу Жерновски и советничката на ВМРО-ДМНЕ, Даниела Рангелова околу бесплатниот паркинг и тоа кој прв решил да го воведе во општината. Додека советниците бараат решение за паркинзите, грашаните од Центар остануваат збунети- каде можат да паркираат, а каде не треба да паркираат.
Работите ексалираа минатат седмица по спроведување на одлуката за отстранување на хоризонталната и вертикалната сигнализација на паркинзите во центар од страна на Градот и МВР. Паркиралиштата во Дебар маало, повторно ги скараа општинското претпријатие “Паркинзи Центар” и Јавното претпријатие “Градски паркинг”, ама овој пат и градоначалниците. Борбата за оваа локација трае повеќе од една година, но претходно Градот Скопје немаше превземено мерки за отсранување на вертикалната и хоризонталната сигнализација на паркиралиштата во оваа населба. Нерасчистените сметки меѓу претпријатијата траат цела година, а трпат граѓаните кои се паркираат на местата за кои и двете претпријатија тврдат дека се под нивна надлежност.