18 Мај, 2024
0.0907

Грбот на Република Македонија го краси горнот дел на кованата пара „Овен“

Објавено во: Економија 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Кованите пари за колекционерски цели „Овен” и „Бик” од серијата „Хороскопски знаци” се издадени и пуштени во оптек информираа денеска од Народната банка на Република Македонија

Имено, кованата пара „Овен“ ги има следниве карактеристики:

На аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто покрај Сонцето и Месечината влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и  ознаката „Ag925“.

На реверсот, на левата страна е прикажана главата на овенот. Рогот на овенот го опкружува вметнатото кружно кобалтно стакленце на кое е отпечатено соѕвездието на хороскопскиот знак Овен и се наоѓа на десната страна на монетата. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Овен отпечатен на ѕвоно, како и името на овој хороскопски знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со украс, долж периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги и симболот Овен, рогот, а делумно и косата) се насликани со злато.

Кованата пара „Бик” пак ги има следниве карактеристики:

На аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто покрај Сонцето и Месечината влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“ и  ознаката „Ag925“.

На реверсот, на левата страна е прикажана слика на глава на бик со три ѕвезди на челото. Левиот рог на бикот е поставен под вметнатото кружно кобалтно стакленце на коешто е отпечатено соѕвездието на хороскопскиот знак „Бик“. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак „Бик“ отпечатен на цвет, како и името на овој знак на латински јазик.  Целата композиција е опкружена со цветен украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи го и симболот на хороскопскиот знак „Бик“, роговите, ѕвездите на челото и делумно цвеќињата) се насликани со злато.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21,00 г, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм нивната цена изнесува 2.700,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа