15 Декември, 2025
0.0402

Грчевит обид за спас на турската лира

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2014 11:08

Добивај вести на Viber

Турската Централна банка доцна синоќа ја зголеми основната каматна стапка, во обид да го запре натамошниот пад на вредноста на турската лира во однос на доларот и еврото. Основната дневна каматна стапка е зголемена од 7,75 на 12 проценти, а неделната од 4,4 на 10 отсто, се наведува во соопштението на банката. Одлуката беше донесена на вонредната седница на Комитетот за девизна политика на Централната банка, и покрај тоа што турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се спротивстави на зголемувањето на каматите. Во период непосредно пред локалните избори, Ердоган се обидува да одржува висок економски раст и се спротивставува отворено на зголемувањето на каматите. „Сакам да знаете дека како и секогаш јас сум против зголемување на каматите. Но, се разбира, јас немам власт да се мешам во работата на Централната банка, која ја носи одговорноста за овие одлуки“, изјави турскиот премиер вчера, само неколку часа пред вонредната седница на Централната банка. Сепак, потегот на Централната банка се чини дека беше успешен и веднаш се почувствува на берзата, па  вредноста на турската национална валута синоќа веднаш порасна, дотигнувајќи 2,18 лири за долар од 2,25 лири за долар, колку што вредеше во текот на вчерашниот ден пред заседанието на Комитетот. Во понеделеникот лирата го забележа најнискиот курс од 2,39 лири за долар. Централната банка на Турција соопшти дека нејзина цел со зголемувањето на каматите е да ја намали стапката на инфлација, која во декември достигна 7,4 отсто. Банката информира дека ќе поддржува високи камати се додека инфлацијата не падне, притоа прогнозирајќи дека до средината на 2015 година таа би требало да биде намалена до пет отсто. Централната банка на Турција доцна синоќа донесе одлука за зголемување на својата основна каматна стапка, во обид да го запре натамошниот пад на вредноста на турската лира во однос на доларот и еврото.

Одлуката беше донесена на вонредната седница на Комитетот за девизна политика на Централната банка, и покрај острото противење на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на зголемувањето на каматите.

Основната дневна каматна стапка е зголемена од 7,75 на 12 проценти, а неделната од 4,4 на 10 отсто, се наведува во соопштението на банката.

По одлуката за зголемување на каматите, вредноста на турската национална валута синоќа веднаш порасна, дотигнувајќи 2,18 лири за долар од 2,25 лири за долар, колку што вредеше во текот на вчерашниот ден пред заседанието на Комитетот. Во понеделеникот лирата го забележа најнискиот курс од 2,39 лири за долар.

Ердоган во периодот пред локалните избори сака да оддржува висок економски раст и е непомирлив противник на зголемувањето на каматните стапки. Според него, на оваа мерка инсистира „каматното лоби од шпекуланти, кое сака да го намали растот и да ја поткопа економијата“.

- Сакам да знаете дека како и секогаш јас сум против зголемување на каматите, рече Ердоган вчера, неколку часа пред вонредната седница на Централната банка. - Но, се разбира, јас немам власт да се мешам во работата на Централната банка, која ја носи одговорноста за овие одлуки, додаде турскиот премиер.

Централната банка на Турција соопшти дека нејзина цел со оваа одлука е да ја намали стапката на инфлација, која во декември достигна 7,4 отсто. Банката информира дека ќе поддржува високи камати се додека инфлацијата не падне, притоа прогнозирајќи дека до средината на 2015 година таа би требало да биде намалена до пет отсто.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството