27 Април, 2024
0.0299

Грчката полиција ќе го чува клучниот Данелис, како македонската што ги обезбедуваше Мукоски и Канческа-Милевска

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Грчката полиција превзеде зголемени мерки на надзор над пратеникот Спирос Данилис, кој одлучи да гласа за поддршка на владата на Алексис Ципрас и за ратификацијата на  Преспанскиот договор во грчкиот парламент.

Нивото на претпазливи мерки се зголемени кон исклучениот пратеник на „Река“ и за полицијата тој сега е „потенцијална цел“, објави грчката телевизија „Скај“.

Данелис е под заштита од 24 часа и му се доделени два полициски чувари. Другите членови на безбедносните сили ќе ги контролираат и надгледуваат местата каде што пратеникот ќе се движи и престојува..

Вчера Данелис беше исклучен од опозициската „Река“ поради ставот спротивен на партијата. Неговиот глас ќе биде клучен во обезбедувањето на парламентарно мнозинство за изгласување доверба на грчката влада на Сириза, по оставката на Панос Каменос од Независни Грци како министер за одбрана, како и за ратификацијата на Преспанскиот договор.

Ситуацијата со Данелис наликува на онаа со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворање на уставните измени на 19 октомври согласно Преспанскиот договор.

Особено полициското обезбедување беше зајакнато за Сашо Василески, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, кои беа судски ослободени од куќен притвор за да обезбедат двотретинско мнозинство во Собранието.

Во текот на вечерта силни полициски сили го чуваа домот на екс-министерката Елизабета Канческа Милевска, а Мукоски до своето родно Вевчани беше испратен со две комбиња полни со специјалци.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“