02 Ноември, 2024
0.0270

Грчката Влада слави, опозицијата обвинува: илјадници граѓани бараат храна по отпадоци!

Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

По три дена жестока дебата во парламентот Грчката конзервативно-социјалистичка, коалициска влада како што многумина ја нарекуваат го преживеа гласањето за недоверба. Гласањето го покрена левичарската опозициска партија Сириза, а како поттик служеше неодамнешниот упад на полицајците во зградата на ЕРТ која беше окупирана од вработените. Обидот да се изгласа недоверба неуспеа- за рушењето на грчката влада беше потребно да се соберат 151 глас. Во парламентот против власта гласаа 124 пратеници, но за нив  кренаа рака 153. Премиерот на Грција против себе ја имаше опозицијата, против Владата гласаа и Сириза, комунистичката партија ККЕ како и десничарите од Златна Зора. Сепак беше и повеќе од јасно дека со овој обид нема да падне Владата, ниту пак во Грција ќе се случат предвремени избори. Но во овој случај повеќе се работеше за натпревар меѓу Сириза против владеачката коалиција. Не престанаа и обвинувањата од стана на Алексис Ципрас кој ја обвини власта дека работи само за да ги заштити богаташите додека илјадници сиромашните луѓе бараат храна по контењерите полни со отпадоци. -Ги оданочувате сиромашните за да ги заштитите богатите, порача Ципрас. На овие обвинувања не остана рамнодушен ни Самарас. -Избравте  погрешен момент за парламентарна претстава, токму  кога владата се наоѓа во клучени преговори со Тројката, му одговори Самара на Ципрас. Инаку Атина е повторно домаќин на Тројката, ММФ,ЕЦБ и Европската комисија. Се водат преговори околу нов кредит, овој пат во износ од 5,9 милијарди евра. Сириза е примарно прогресивна левичарска партија со некои конкретни решенија за Грција, моментално единствена политичка сила во земјата која може да ја освои власта. Овој радикален епитет и е доделен овие денови поради фактот дека таа има доволно сила навистина и да победи на следните избори. Тројката веќе подолго време е во страв од можен триумф на Сириза на грчката политичка сцена, а нивниот тактички напад кој се случи за време на викендот во парламентот, според одредени извори веќе и доволно ги вознемири. K. K.  

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка