Грчките државни службеници повикаа на генерален штрајк за 12 ноември
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2015 10:56
Синдикатот на грчките државни службеници „АДЕДИ“ ќе прогласи 24-часовен генерален штрајк на 12 ноември, во знак на протест против реформата на пензискиот систем и ја обвини владата за „прераспределба на сиромаштијата“.
Истиот ден штрајк огласи и синдикатот на работниците во приватниот сектор „ГСЕЕ“. Јавноста во Грција не го крие незадоволството поради растот на даноците и намалувањето на пензиите, на што Атина се согласи во замена за спасувачкиот пакет во вредност од 86 милијарди евра, третиот од 2010 година.
Владата усвои закон со кој ќе се подигне старосната граница за редовно заминување во пензија, ги зголеми придонесите за здравствено осигурување и ги поништи повеќето удобности поврзани со раното пензионирање. Исто така властите планираат да ги здружат голем број пензиски фондови и да ги намалат дополнителните пензии.
„АДЕДИ“, кој претставува околу 650 000 работници во јавниот сектор, тврди дека реформата на пензискиот систем ќе биде „конечниот удар“ против фондовите.
Во саботата грчкиот парламент усвои нови мерки за штедење, побарани од меѓународните кредитори во рамките на третата програма за финансиска помош на земјата. Соодветниот закон беше одобрен од 300-члениот еднодомен парламент со 154 гласа „за“.
Законот наметнува нови строги мерки за штедење. Тој го зголемува бројот на даноците, вклучувајќи го и оној за давање на недвижен имот под наем. Со промените расте и пензиската возраст, како практично се отстранува можноста за предвремено пензионирање. Пензиите на оние кои се пензионирале под 67-годишна возраст, ќе бидат намалени за 10%.
Усвојувањето на новиот закон сепак беше лансиран како предуслов од доверителите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за доделување на следната транша од помошта за Грција, кој ќе е во износ од 2 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




