Грчкото електростопанство може да биде универзален снабдувач во Македонија
Објавено во: Економија 03 Декември, 2018
Грчкото електростопанство може да биде универзален снабдувач со електрична енергија во Македонија , откако преку купената приватна компанија ЕДС пројавила интерес за повикот на Регулаторна комисија за енергетика и да ги превземе домаќинствата, објави 24 Вести.
Тендерот за универзален снабдувач завршува на 12 декември, а до тогап е крајниот рок за пријавување. Засега најголеми конкуренти, според телевизијата, се ЕВН о ЕДС, која своевремено бепе во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сега е продадена на грчкото електростопанство ППЦ во државна сопственост.
Доколку оваа компанија добие на тедндерот, граѓаните ќе се снабдуваат со струја од грчкото електро-стопанство во следните 5 години почнувајки од март 2019.
Првиот човек на Регулаторната комисија неодамна изјави дека има заинтересирани компании за добивање лиценца, но не сакаше да открие за кои компании се работи.