Грција ги вклучи рибарите и ловџиите во сопирањето на бегалскиот бран на реката Марица
Објавено во: Балкан 10 Март, 2020 11:14
Локалните рибари и ловџии се вклучени во патролирање на реката Еврос, позната уште и како Марица, на грчко-турската граница, со цел да се зголеми колку што е можно повеќе контролата над бранот на илегални емигранти кои сакаат да ги напуштат камповите во Турција и да навлезат во Европа.
Тие во последниве денови спроведуваат 24 часовни патроли со своите чамци, секогаш во соработка со полицијата и армијата. Кога ноќта паѓа, тие особено најголемо внимание посветуваат на устието каде што Еврос се влева во Егејското Море бидејќи таму се најфреквентни шверцерите кои тргуваат со бегалците, објави грчката телевизија Скај.
„Ние ги запревме, ги блокиравме, Турците го знаат тоа, и затоа фрлаат камења врз нас при нашите средби“, истакнува еден од рибарите. Во овој момент има 150 рибарски патроли составени од локалните жители во близина на турската граница.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




