26 Јуни, 2024
0.0275

Грција идентификуваше пет мажи и една жена кои упаднаа на изложбата на македонски уметник во Солун

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Грција го расчистува инцидентот кој се случи пред два месеци кога група упадна на изложбата на македонски уметник во градот Солун. 

Полицијата идентификуваше уште шест лица од групата, која пред два месеци упадна на изложбата во Солун на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, со што вкупно се идентификувани 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека во рамките на континуираната истрага и по наредба од Основното обвинителство на Солун се идентификувани уште шест лица, пет мажи и една жена, сите грчки државјани на возраст од 20 до 44 години. Полицијата на почетокот на мај идентификуваше пет лица. 

Меѓу идентификуваните е и еден 44-годишен кој е одговорен за комуникација за регионот на северна Грција на подмладокот на организацијата со националистички карактер, на чиј сајт беше објавено видеото од упадот.

Против идентификуваните е покренат предмет за противзаконито насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.

На 26 април, група членови на подмладокот на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде се одржуваше изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

Упадот го снимија и го објавија на сајтот на подмладокот на Златна зора.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели