18 Мај, 2024
0.0304

Грција ја испрати официјалната дипломатска нота, кој е следниот чекор?

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Соседна Грција ја испрати официјалната дипломатска нота со која ја информира нашата Влада за ратификацијата на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО.

Следниот чекор е објавувањето во Службен весник на датумот на стапување во сила на уставните измени и закон за промена на уставното име, односно од кога и официјално Република Македонија ќе почне да се именува како Република Северна Македонија.

По пристигнувањето на нотата ќе биде испратено заедничкото писмо на Македонија и Грција до Генералниот секретар на ОН дека спорот со името е надминат и од кога спогодба за името стапува на сила и со тоа прашањето за името се затвора. Македонија потоа со писмо ќе го информира Секретаријатото на ОН, земјите-членки, како и сите меѓународни организации за новото уставно име.

Грчкиот заменик министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, вчера информираше дека со тоа ќе почнат да течат роковите за воведување на новото уставно име на сите меѓународни форуми, во сите меѓународни организации, во билатералните односи, но и внатрешно. На прашањето дали од следната недела ќе бидат обврзани да го користат новото име, тој одговори потврдно и додаде дека Преспанскиот договор е јасен во врска со тоа.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада