06 Декември, 2025
0.0302

Грција – Летување за евтини пари

Објавено во: Стил 01 Август, 2014 20:02

Добивај вести на Viber

Летување за малку пари. Како никогаш досега Грција не била достапна за туристите.

Туристичките агенции подготвија богата понуда за летување. Грција и оваа година може да се каже дека е дестинација број еден. Понудите на агенциите со превоз и смештај се движат од неверојатни 50-90 евра во претсезоната, до 350-380 евра во најјаката сезона. Цените важат за бреговите и островите кои се во ниски ценовен ранг а сепак сите се претежно уредени и чисти.

Македонските туристи најчесто летуваат во Грција, поради убавите песочни плажи и пониски цени. Повеќе од 80 одсто на туристите предност им даваат аранжманите со автобуски превоз и летување на северот од Грција. Љубителите на Халкидики можат да изберат помеѓу индивидуални и организирани тргнувања до најубавите делови на северот Ситонија, Касандра, Атос, Лефкада, Парга, Фурка...

Цените во вонсезонската потрошувачка варираат од место до место, но немојте да се изненадите доколку поевтино поминете со цените во ресторани, таверни и кафулиња отколку во Скопје.

И.Р  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: