14 Мај, 2024
0.0265

Грешки кои не смеете да ги правите при уредување на домот!

Објавено во: Стил 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Постојат правила за тоа како да го декорирате својот дом, меѓутоа треба да се  внимава на оние работи кои што никако несмеете да ги направите при декорирањето. Доколку сакате вашиот дом да биде топол, да изгледа беспрекорно и гостопримливо, тогаш дефинитивно ова се грешките кои што несмеете да ги направите.

Никогаш не ја бирајте прво бојата на ѕидовите, пред изборот на гарнитурата !

Доколку ја изберете прво бојата на ѕидовите, во тој случај ќе ви биде многу потешко да ја усогласите бојата на вашата гарнитура. Затоа ви препорачуваме најпрво да ја изберете гарнитурата која што сакате да ја вклопите во вашиот дом па потоа да одите во потрага по соодветната боја за кречење, затоа што е многу полесно да пронајдете соодветна нијанса на боја за ѕидови што е прикладна со гарнитурата.

Не се мора да се совпаѓа

Вашата соба не мора да изгледа толку перфектно, затоа што тоа е помалку досадно, затоа дозволете си вклопување на неутрални нијанси на вашите ѕидови коишто ќе дозволат  вклопување на мебел и предмети од различни стилови кои се дополнуваат едни со други, но не се совпаѓаат. Со ова ќе и дадете интересен и несекојдневен изглед на вашата соба. Но сепак запомнете некои бои и некои предмети, воопшто не се совпаѓаат без оглед на тоа што имаат некоја непроценлива вредност за вас.

Не ги занемарувај големите предмети, фокусирај се на нив !

Ако во вашиот дом поседувате камин, статуа или некоја голема слика, таа секако ќе биде во преден план и целата декорација би требало да биде во согласност со нив. Не редете други ситни декорации околу големиот предмет, така воопшто нема да дојде до израз и ќе изгледа кич и смешно.

Не го поставувајте мебелот до ѕидот

Освен ако формата и големината на вашата соба не ве ограничуваат да го поставите мебелот директно до ѕидот тогаш направете интересна групација на мебелот и ставете го што понастрана од ѕидот.

Оставете простор за движење !

Не натрупувајте го вашиот стан со премногу мебел, оставете простор за лесно движење а воеедно и поголем комфор.

Не ставајте декорации и мали украси во секој слободен простор !

 

Одвојте еден дел каде ќе ги ставате вашите омилени украси, менувајте ги, прераспределувајте ги, тоа нека биде такво катче, но не ги редете низ целиот ваш дом во секое слободно ќоше.

Не купувајте мебел врз основа на цената !

Мебелот како на пример троседот не се купува секоја година, па затоа ако во моментот немате пари за поквалитетен мебел подобро причекајте и заштедете отколку да купите неудобен и неквалитетен за ефтини пари со “краток рок“ на траење. Немојте бескорисно да ги трошите вашите пари на било што само заради тоа што има ниска цена.