Добивај вести на Viber
Поради недостиг на парцели, тетовци мора да плаќаат огромни суми пари кога треба да ги погребаат најблиските, објави Телма. Телевизијата открива дека за гробно место на православните гробишта во Тетово, цената скокнува до 6.000 евра.
Гробни места продаваат главно граѓани што се иселени од градот или имаат неколку гробни места. Зделката е незаконска, бидејќи со гробиштата стопанисува ЈКП за пто тетовци плаќаат закуп.Оттаму за Телма велат дека појавата на препродажба на гробовите станува помасовна, а иако гробовите не смеат да се продаваат, граѓаните манипулираат и наместо продажба, пишуваат дека местото го подаруваат.