Гром уби мотоциклист
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2018
Mотоциклист вчера загина oткако во него удрил гром на автопат во близина на Солун.
58-годишен маж е пронајден мртов на околу 40 километри источно од Солун, со дупка на кацигата, која веројатно настанала од ударот на гром.
Не се објавени детали за изгорениците на телото на настраданиот, но грчките власти информираа дека се уверени дека смртта на мотоциклистот не настанала од паѓање.
Мотоциклистот возел кон Солун во услови на големо невреме.