20 Декември, 2025
0.2971

Грција е подготвена за соработка со Турција, но не сака турски воени патроли на границата

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2015 11:47

Добивај вести на Viber

Атина е подготвена да соработува со Анкара за ограничување на бегалскиот бран, но нема да дозволи турски гранични патроли во грчките води. Премиерот на Грција, Алексис Ципрас го поддржал заедничкиот став на Европа, и инсистирал на „распределба на одговорноста“, пренесоа агенциите.

Атина е подготвена да соработува со Турција по прашањето со бегалската криза, но нема да учествува во обезбедување на границата во Егејското Море со заеднички патроли. Грчките политички сили од опозицијата исто така го подржале премиерот дека е недозволиво турски воени патроли да се пловат во грчките води.

Алексис Ципрас изрази задоволство од одлуката на Европската унија за заедничката акција со Анкара. „За жал Европската унија се движи со брзина на желка кога настаните се големи и брзи. Поставени сме пред проблем поврзан со функционирањето на Унијата. Решението за прашањето со бегалците мора да се бара во духот на взаемна поддршка помеѓу страните и распределба на одговорноста . Одлуките на европско ниво се во правилна насока“, изјавил Ципрас.

По уште една трагедија со четворица удавени бегалци, од кои три се деца, денес во посета на Лезбос пристигнува и претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација