18 Декември, 2025
0.0507

Грција и кредиторите со обединети позиции, но нема постигнато договор

Објавено во: Балкан, Економија 04 Јуни, 2015 11:11

Добивај вести на Viber

Грција и нејзините кредиторите ги збилижија позициите на одржаниот состанок во Брисел за кризата во Грција, но се уште не постигнале договор.

„Дискусиите ќе продолжат во следните денови. Колку повеќе разговараме, толку повеќе се приближуваме кон решение“, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас во раните утрински часови на денешниот ден. Пред тоа тој ги испита можностите за постигнување на компромис во спорот за долгот на Атина заедно со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и шефот на Еврогрупата Јерун Деиселблум.

Средбата меѓу Јункер и Ципрас траеше речиси пет и пол часа. Деиселблум не бил таму цело време. Европската комисија ја оцени средбата како добра и конструктивна.

Без компромис за реформи во Грција - на ова се однесува и на прашањето за приватизацијата - нема како да потече блокираната финансиска помош во износ од 7,2 милијарди евра, забележуваат агенциите.

Ципрас изјавил дека кредиторите побарале да бидат откажани додатоците кон пензиите и да биде зголемено ДДВ-то на енергијата. „Се разбира ние го отфрливме тоа“, изјавил тој. Според него од страна на комисијата сепак се демонстриран конструктивен однос за постигнување на согласност. „Позитивниот однос од денешната средба е дека нашите партнери во преговорите, барем комисијата, имаат намера наскоро да постигнеме реален договор“, посочил Ципрас.

Атина сепак не располага со многу време со оглед на празната каса. Уште утре е рокот за исплата за долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износот од 305 милиони евра. Вкупниот износ на рати кои Грција треба да ги плати кон ММФ во јуни, изнесува речиси 1,6 милијарди евра. Освен тоа до крајот на месецот Атина треба да даде државни заеми во износ од нешто над 5 милијарди евра.

Запрашан дали ќе може да ја отплати следната рата на долгот кон ММФ идниот петок, Ципрас изјавил, цитиран од американските медиуми: „Не грижете се за тоа“.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии