Грција нема да ги затвори границите и покрај инфилтрираните џихадисти!
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2015
Грчките власти соопштиле синоќа дека инфилтрираните џихадисти не треба да биде оправдување за затворање на границите.
„Проблемот треба да се реши во воените зони, она што ги тера луѓето да заминат“, изјавил заменикот на грчкиот министер за внатрешни работи Никос Тоскас.
Најмалку двајца од бомбашите самоубици во терористичките напади во Париз на 13 ноември влегле како бегалци во Европската унија преку Грција.
„Грција е против градење на ограда и затворање на границата“, изјавил Тоскас и додал дека не треба да се става „етикета на терорист“ на секој бегалец.