Груби: Али Ахмети го убеди Заев да не дава оставка
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, како гостин на „Клан“ потврди дека македонскиот премиер Зоран Заев бил решен да си даде оставка по ветото во Брисел и неуспехот Македонија да добие зелено светло за старт на преговорите со ЕУ, но коалициониот владин партнер Али Ахмети го убедил да не го прави тој чекор.
Груби во емисијата „Опинион“ рече дека на претседателот на ДУИ не му дозволи да си даде оставка со аргументот дека не отворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија.
– Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија. Ние не се согласивме и г-дин Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови, рече Груби.