27 Април, 2024
0.0319

Груевски до Пендаровски: „Заедничката“ историја стана „Бугарска“

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, кој во моментов има статус на азилант во унгарија, објави статус на Фејсбук во кој го обвинува македонскиот претседател Стево Пендаровски за неговото последно интервју за бугарската телевизија во која шефот на државата зборуваше за поголемо зближување на двете земји.

„Давајќи интервју за бугарската БГНЕС од оние парчиња кои се објавени како делови од интервјуто, склучениот договор за пријателство со Бугарија го престави како извлекување од изолација на Македонија од страна на Премиерот Бојко Борисов. Со овој договор да потсетам дека прифативме да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија. Прифативме дека имаме сопствена историја само после 2 август 1944 година. Не добивме признавање на македонскиот јазик кој и понатаму со пријателскиот договор за пријателска Бугарија останува еден од дијалектите на Бугарскиот јазик а во официјалната комуникација продолжува да се нарекува “македонски” но со додавката “според Уставот на Македонија”. Прифативме со комисијата за ревизија на историјата дека (ова е прашање на време), фразата во договорот “заедничка историја” всушност ќе значи бугарска историја. 

Не е тајна дека Илинденското востание, Бугарија не го претставува како заедничко востание со Македонците, туку како бугарско востание, односно востание на бугарскиот народ во Македонија. По името на Гоце Делчев и Јане Сандански имаат имиња на градови. Слушнавме и дека 11 Октомври нашите соседи го сметаат за битка помеѓу идеолошки спротиставените страни на левицата и десницата на бугарското население во Македонија. Пендаровски, а и македонското народ допрва ќе видат што сме прифатиле со договорот со кој Борисов не извлекол од изолација. Не знам дали Пендаровски не приметува дека до пред потпишувањето на договорот соседите се бореа за фразата “заедничка историја”. Сега ние се бориме за тоа. Ние се бориме Делчев да е заеднички а не само бугарски револуционер, на пример.

Впрочем неодамнешната резолуција на Бугарскиот парламент, прифатена од сите партии во парламентот до многу нови барања од кои се изненадени и најголемите подржувачи на бугарската кауза во Македонија, најавува во кој правец ќе се движи натамошното “извлекување од изолација”.
После овие ласкави комплименти Премиерот на Бугарија разбирливо јавно му се заблагодари, што е сосема нормално кога некого ќе го поразите “до колена” а тој потоа ве воздигнува колку сте му помогнале и колку тие што претходно давале отпор биле лоши. Верувам дека премиерот Борисов потсмевнувајки се во себе во духот на познатото поздравување од Пендаровски си рекол: “Љубави”...се претера... “., гласи дел од статусот на Груевски.

Груевски понатаму се жали дека Пендаровски неосновано го нападнал дека во негово време биле замрзнати односите со Бугарија и дека во преговорите за Договорот за добрососедство требало да се прифати се што другата страна ќе те услови.по „двомесечно гумење“. Понатаму, Груевски се осврнува за историските моменти за кои вели дека ВМРО како организација на моменти соработувала со Бугарија, а на моменти делувала против неа, во зависност од тоа дали имала интерес или била во лоши односи со тамошните власти.

„Во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ ние се трудевме да бидеме во добри односи со сите соседи, но не по цена на националните прашања, негирањето на македонскиот јазик, малцинство, идентитет, од страна Грција и името, итн. Секоја влада, а особено на мали и ранливи држави како Македонија би сакала мир и најдобри можни односи со соседите, па така и ние.

Оттука, тезата на Пендаровски, дека Бугарија непостоела во нашата надворешна политика е чиста лага. Единствено точно е што не се согласивме да потпишеме договор со кој иако кажано со по дипломатски вокабулар во истиот, ќе прифатиме дека до 1944 година сите наши претци биле Бугари, јазикот бил Бугарски итн, и токму тоа создаваше тензија во меѓусебните односи.

Напротив, со сите сили се трудевме да ги доближиме односите со Бугарија што повеќе, но секогаш пред нас стоеше уцената која Пендаровци ја прифатија и ја сметаат за сопствен триумф. Не постои ниту една моја негативна изјава, ниту на било кој преставник на владата со која раководев против Бугарија или нејзините челници. Ако има таква нека ја најде и објави“, додава Груевски.

Вели дека неговата Влада била прогласена за антибугарска само од бугарските националисти и дека ВМРО-ДПМНЕ своевремено започнало со градбата на железницата кон Бугарија. Според Груевски, единствено спорно било само што услов за инфраструктурното поврзување биле спорните 3-4 точки од договорот за пријателство.

„Затоа, бранејќи ги националните и државни интереси ние си навлековме куп проблеми и етикети за се и сешто иако правевме најмалку десет пати повеќе реформи од сегашната влада која одкако ги прифати сите услови на Грција и Бугарија за награда ги доби најдобрите епитети од Брисел (од ЕУ и НАТО), но на штета на националните интереси на македонскиот народ.

Ако случајно мисли на филмот “Трето полувреме” претпоставувам знае дека премиер, па ни министер, не читаат филмски сценарија за кои филсмкиот фонд доделува подршка. Но, дури и за тие што читале, неразбирам дали Пендаровски смета дека трагедијата на Евреите во Македонија сами си ја направиле? Сами рано наутро во ист ден излегле од домовите и се качиле во возовите за Треблинка? Чија власт присилно ги изнела од домовите и ги депортирала? А тоа беше главната причина за реакција на официјална Бугарија, чие општество очигледно не беше претходно низ децениите подготвено за вакво соочување со историските грешки и заблуди на дел од нивните предци“, смета Груевски.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“