Добивај вести на Viber
Поагресивен настап, освен на европскиот, и на другите пазари, посебно на азискиот, американскиот и африканскиот, препорача премиерот Груевски по работниот појадок со претставници на Сојузот на стопански комори.
Според него неговата препорака е многу важна во моментов, но нашите бизнимени немаат доволно обиди за една таква работа.
Тој истакна дека е добро да се рашират обидите на македонските компании и на други пазари како што се азиските.
Одѕивот на македонските компании, рече премиерот, е прилично слаб додавајќи дека недостасува волја и агресивност кај македонските бизнисмени.