Груевски избега од затвор, но не и од загадениот воздух
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2018
Националниот јавен центар за здравје го алармираше населението во главниот унгарски град Будимпешта дека во моментов квалитетот на воздухот AQI е 159 единици односно во црвена зона. Истовремено во Скопје воздухот е избистрен, па дури мерната станица во Гази Баба покажува зелена зона, додека најмногу концентрација на штетни честички има во Карпош каде што индексот е околу 70-тина мерни единици.
Покрај Будимпешта, воздухот е мошне загаден во уште десет унгарски градови.
Се препорачува децата, старите лица и жотели кои страдаат од респираторни или кардиоваскуларни заболувања да не се задржуваат на отворено подолго.
„Поради неповолните временски услови, се очекува зголемување на концентрациите на загаденост на воздухот. Во исто време, поради минусните температури, домашното загревање е поинтензивно, па загадувањето на воздухот е поинтензивно„ се вели во кампањата за намалување на загадениот воздух.