Добивај вести на Viber
Од средината на месецот граѓаните што ги исполнуваат законските услови ќе добијат можност да се пријавуваат за отпис на долгови, најави премиерот Никола Груевски, кој денеска доделуваше решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода.
Од распишувањето на огласот на средината ма месецов граѓаните ќе имаат 30 дена за да се пријават и да побараат да им бидат отпишани долговите за заостанати сметки и рати од кредити.
„Во меѓувреме, преку медиумите Владата ќе врши интензивно информирање на граѓаните со цел некој од нив да не не ги види овие рокови и не сакајќи да ги пропушти. Тоа се главно примателите на социјална помош и постојана парична помош, како и други категории“, рече Груевски.
Процедурата за еднократен отпис на долговите е започната од пред два дена, кога Министерството за финансии
го објави Јавниот повик за фирмите кои се јавуваат како доверители за отпис на долговите на граѓаните од социјално ранливите категории. Во рок од пет работни дена, односно до 11 –ти овој месец тие треба да поднесат изјава до Министерството за финансии за склучување договор за еднократен отпис на долговите.