20 Декември, 2025
0.0437

Груевски предупредува дека даноците ќе растат

Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 15:31

Добивај вести на Viber

Екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на социјалните мрежи пишува дека наместо да се намалат даноците или барем да останат исти, даноците ќе растат и од тие пари социјалната помош ќе нараснела колку минималната плата. 

Смета дека нема новосоздадена економска вредност, туку има прераспределба на средствата на сметка на економскиот раст. 

„Едно од образложенијата на СДСМ за зголемување на даноците беше кажано од министерот за финансии во присуство на Заев, неодамна. Тоа значи дека тоа е став на СДСМ. Тој реторички праша: Дали Македонија треба да е со најниски буџетски приходи по однос на БДП во Европа или да се преземат мерки кои ќе ја подобрат приходната страна на буџетот? Прашањето е така поставено, да многумина си кажат дека човекот е во право. Па, зошто ние да имаме најниски приходи во Буџетот во Европа? Вистинскиот одговор на ова прашање е: Ако тие приходи во буџетот треба да растат со зголемување на даноците за граѓаните и компаниите, а со тоа и со намалување на платите, или зголемување на цените или одземање на поголем дел од добивката на компаниите, тогаш добро е да останеме со најниски приходи во буџетот во Европа по БДП“- пишува Груевски.

Тој наведува дека доколку зголемувањето на приходите се предизвика преку економски политики кои ќе стимулираат повеќе домашни и странски инвеститори да инвестираат во нови капацитети, чие плаќање даноци ќе ги зголеми приходите на буџетот, тогаш, да Македонија не треба да остане со најниски приходи по БДП во буџетот, во Европа.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти