26 Април, 2024
0.0665

ГРУЕВСКИ ЗА НАЈАВАТА ЗА ИЗБОРИ: Приказната на Заев е јалова

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Eкс премиерот Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија, со статус на Фејсбук го коментира потегот на премиерот Зоран Заев да побара избори по неуспехот да добие датум за преговори во Европската Унија. 

Вели дека вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот на преговорите со ЕУ е неговата намера повторно, обидувајќи се да ја демонизира опозицијата, да моли за поддршка во изборите пред меѓународниот фактор.

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

Тој е свесен дека без нив нема никакви шанси народот да му даде доволно поддршка, со која би победил или пак по поразот на изборите и без победа да состави влада. Всушност тој би одел горе-долу со истата кампања и тези надвор кај меѓународниот фактор, но и внатре на самите избори. Претставувајќи ја опозицијата како ,,националистичко плашило” за европските и евроатланските интеграции, а себеси како “ангел спасител” за истото. Одлуката на Заев за предвремени избори не е ниту за добивање насока од граѓаните чија насока никогаш и не му значела ниту некогаш ја почитувал, ниту за нова доверба која никогаш не ја ни добил, ниту за неговиот кредибилитет кој всушност и го нема. Одлуката во неговите очи е последната “сламка за спас”. Тој се плаши дека по приемот во НАТО и по потпишувањето на договорите за учебниците по историјата со двата соседа, неговата употребна вредност целосно ќе исчезне“, пишува Груевски. 

Но, додава дека приказната на Заев е јалова. 

Премиерот вчера на прес-конференција побара брзи предвремени избори за да народот каже во која насока ќе се движи земјата. Од ДУИ велат дека не треба да се бара вина во никого за резултатот. 

Франција стави вето на одлуката за датум за Македонија и Албанија. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“