17 Мај, 2024
0.0301

Хаим ел Хамед-ново име во истрагата за нападите во Брисел

Објавено во: Свет 28 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Сириецот Наим ел Хамед, чија фотографија наводно кружи меѓу француските истражувачи и европски безбедносни агенции, е ново име во истрагата околу нападите во Брисел и Париз, јави СиЕнЕн.

Хаим ел Хамед (28) е опишан како многу опасен и веројатно вооружен , а се сомнева дека токму тој ја имал една од клучните улоги во нападите.

СиЕнЕн пишува дека, иако уште нема официјална потврда за неговата вмешаност во терористичките напади во Париз и Брисел, тој во овој момент е една од најбараните личности во Европа.

Американската ТВ станица наведува дека не е потврдено дали се работи за мажот облечен во светла облека, акој надзорните камери го снимиле на белгискиот аеродром и кој таму ја оставил торбата со експлозив.

И француски Монд јавува дека неговата ДНК е најдена во станот во кој е откриен Салах Абдеслам, но ни таа информација не е потврдена се уште.

Се верува дека Хамед стигнал заедно со бегалците од Сирија кон крајот на септември лани.

Монд пишува дека во Европа дошол неколку недели пред двајцата други париски напаѓачи.

Според извор од полицијата, Хамед е евидентиран во Шенгенскиот информационен систем на 10 март и возел црно „ауди А3“. Пред нападот бил евидентиран во бегалскиот центар во Улма.

Европските безбедносни агенции бараат најмалку осуммина осомничени за кои се смета дека помагале во изведување на терористичките напади на Брисел и Париз, објави во својот неделен број германски “Велт“.

Повикувајќи се на безбедносни извори, весникот наведува дека се верува дека осомничените, од кои повеќето се француски и белгиски државјани, се наоѓаат или во Сирија или се во бегство ширум Европа.

„Велт“ наведува дека осомничените биле во контакт со Абделхамид Абауд, за кој се претпоставува дека бил главен изведувач на нападот врз Париз и кој на 18 ноември го убила француската полиција, и Салах Абдеслам, главниот преживеан осомничен за париските напади, кој е уапсен во Брисел во почетокот на овој месец.

Канцеларијата на германската криминална полиција е вклучена во потрагата, наведува весникот.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра