26 Април, 2024
0.0322

ХАН СО БАРАЊЕ ДО ЕУ: Политичкиот компромис на Северна Македонија мора да биде награден

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Политичкиот компромис на Западен Балкан мора да биде награден, порачува во пресрет на утрешната седница на Советот на ЕУ комесарот за преговори за пристапување Јоханес Хан.

Во околностите во кои Советот на ЕУ би можел утре повторно да ја одложи одлуката за покренување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, Хан денеска ги повика министрите на ЕУ што поскоро да овозможат покренување на пристапни преговори со Северна Македонија и оценил дека тоа би било важен сигнал за целиот регион.

-Ако дојде до повторно покренување на дијалогот помеѓу Србија и Косово, тие мора да видат дали инвестицијата во пронаоѓање на политичкиот компромис ќе биде наградена. Во спротивно немаат мотив. Сите треба да сфатат колку е во интерес на цел регион важно да се даде сигнал на една земја-порача Хан.

Јоханес Хан пред утрешниот состанок на Советот на ЕУ, кој ќе ја разгледа политиката на проширување и напредок на земјите во процесот на евроинтеграции, повтори дека Северна Македонија направила се што било побарано од неа и предупреди дека секое одложување адекватно на ЕУ одговара на тоа дека претставувало ризик.

Тој повтори дека ако една земја која инвестирала многу во европска перспектива, а нејзините лидери покажале храброст во постигнување компромис не биде наградена за тоа, тогаш ЕУ го губи кредибилитетот, но и моќта на делување во целиот регион на Западен Балкан.

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ на состанокот на Советот во Луксембург би требало да донесат заклучоци и препораки за понатамошни чекори на земјата која се наоѓа во процес на пристапување на ЕУ.

Се очекува и да се дефинира и одговорот на Советот на препорака за Европската комисија за покренување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Според последните информации, таа одлука би можела повторно да биде одложена.


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката