11 Декември, 2025
0.0351

Хан во Скопје: Сите страни да работат против корупцијата и организираниот криминал и на заштита на инвеститорите

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019 09:40

Добивај вести на Viber

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, денеска во Скопје порача дека сите политички страни треба да работат посветено во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и во правец на правната заштита на економските инвеститори, пред Македонија да добие Датум за преговори од страна на ЕУ во октомври. Ова дипломатот го порача по аферата „Рекет“ и отворањето на случајот на јавното обвинителство откако стана јасно дека крупни бизнисмени биле уценувани.

„Дојдов во Скопје да разговарам за рефоирмите, особено за последните настани кои се развиваат. Блиску сте да направите голем чекор во октомрви. Мотото „мал чекор за човекот, но голем за човештвото“ може да важи за Северна Македонија. Сите политички страни треба да продолжат да работат заедно на владеењето на правото против корупцијата и организираниот криминал. Мора да имате институции на кои треба да им се верува. Мора да функционира и правниот систем за економските инвеститори. Така се зголемува атрактивноста за странски инвестииции, колку е подобро судството толку е поголемото привлекувањето за странските инвестииции. Покрај тоа, на тој пат постои и регионална одговорност не само државна“, порача Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Вели дека овој пат е многу комотен ако го прашате дали Македонија ќе добие датум за преговори во октомври и дека земјата ќе добие зелено светло и веднаш ќе го започне процесот со отворањето на поглавјата.

„Сите политички партии да најдат што е можно побрзо решение.  Канцеларијата на СЈО успоешно да се интегрира во редовното јавно обвинителство. Сите да се фокусираат на октомври. Постојат можности, но постојат и одговорности“, додаде Хан за делот кој се однесува за судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Заев очекува во октомври ЕУ да си го оддржи зборот и да се заокружат реформските процеси. особено во правосудсниот систем со новиот закон за јавно обвинителство. 

„Да бидеме одговорнио и да не му дадеме никому аргумент да го доведе под прашање нашиот процес на евроинтегрирање. Новиот текст на предлог-законот е компромис и земени се главните забелешки на опозицијата. Во врска со актуелните настани сведочиме на одлучна и бескомпромисна борба против организираниот криминал. Пораката е никој не е привилегиран, никој нема да биде амнестиран. Јавното обвинителство нека ја продолжи истрагата за „Рекет“ без разлика до кого ќе стигне. Настаните во октомври сум убеден дека ќе се одвиваат во позитивна насока“, рече Заев.

Заев очекува на крајот на август и почетокот на септември да биде изгласан предлог-законот за јавното обвинителство, а како позитивни примери во борбата против криминалот ги истакна последните истраги за рекет, илегалните складишта со тутун и злоупотребата со дрќавни плацови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци

МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила

СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила

СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија

СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени

КАЦАРСКА ЗА ЈАНКУЛОВСКА И ПРЕДМЕТОТ ВО СТРАЗБУР: „Јанкуловска имаше можност да ги изнесе сите докази“

КАЦАРСКА ЗА ЈАНКУЛОВСКА И ПРЕДМЕТОТ ВО СТРАЗБУР: „Јанкуловска имаше можност да ги изнесе сите докази“