СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 08:29
Со одлука на Советот на Град Скопје, за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се издвојуваат 14 милиони денари за набавка на нови, специјализирани комунални возила, неопходни за поефикасно и навремено одржување на хигиената во главниот град. Дополнително, пристигнуваат уште две возила како донација од општествено-одговорни компании, што претставува значајна поддршка и признание за нашите напори, објави синоќа на Фејсбук градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Оваа одлука, како што наведува, повторно ја потврдува нашата посветеност кон домаќинско, рационално и одговорно трошење на средствата.
- Со ваквиот модел на набавка, градот заштедува и 2 милиони денари преку повратот на ДДВ, средства кои, доколку градот сам ги набавуваше возилата, ќе беа целосно потрошени. Уште поважно, веќе е почната постапката во соработка со Владата на Република Македонија и Светска банка, за набавка на повеќе од 20 нови специјализирани комунални возила. Ова значи модерна механизација, поголема ефикасност и подобра услуга за сите жители на Скопје. Набавката на нова опрема е инвестиција која се враќа веднаш, пишува скопскиот градоначалник.
Новите возила се под гаранција, со значително пониски трошоци за сервисирање, што ќе стави крај на бесконечните одливи за амортизација и поправки на старата механизација и возила стари по повеќе од две децении.
- Со секој ваков чекор градиме систем кој работи брзо, економично и во интерес на граѓаните. Скопје и скопјани заслужуваат современа услуга и достоинствен град. И со одговорно работење, тоа и ќе го добијат, нагласува Ѓорѓиевски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Филипче: Мигранти во јуни во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ избегнува да одговори
ПОВТОРНО БЛОКАДА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Продолжуваат протестите на грчките земјоделци
МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци
Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром
Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“
(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски
КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?
СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија
Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени




