19 Јануари, 2025
0.0270

Хаос со наплатата на радиодифузна такса

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Сметки за наплата на радиодифузна такса на име на сите членови на семејството сеуште добива дел од граѓаните, додека други се жалат дека по интервенциите во МРТ воопшто не добиваат сметки. Скопјанецот Борче Петковски е еден од граѓаните кој на своја кожа го чувствува хаосот при наплатата на сметките за радиодифузија. Откако пред шест месеци добил три сметки за наплата на радиодифузија, тој отишол во центарот за евиденција на МРТ и им укажал на проблемот. Но состојбата не само што не се решила, туку наплатата на сметките сеуште му преставува проблем.

До МРТ доставив препорачано писмо со сите податоци, и имам евиденција дека е примено. Сега веќе шест месеци воопшто не добивам сметки за радиодифузна такса и воопшто не можам да ги платам сметките. Морам повторно да одам во МРТВ и да ги молам да им ги дадам моите пари – вели Борче Петковски за Фактор.

Петковски вели дека сега се плаши од собирање на повеќе сметки и присилна наплата на истите од страна на извршител, што вели би било поразително за неговиот домашен буџет. Граѓанинот помош за наплата на сметките побарал и во УЈП, но од таму му одговориле дека тие само ја вршат наплатата, и дека целата евиденција ја добиваат од МРТ. Од јавниот сервис за Фактор велат работат на надминувањето на проблемите со сметките.

Во однос на сметките за радиодифузна такса, граѓаните преку соопштение на медиумите беа информирани дека се изготвува нов Регистар на обврзници за радиодифузна такса за физички лица и дека за забелешките во однос на податоците во истиот треба да ја информираат ЈРП МРТ или да достават барање за секоја забелешка заради извршување на корекција – велат од МРТ.

По грешките со евиденцијата на претплатниците кои треба да плаќаат радиодифузна такса, праќањето на повеќе сметки на иста адреса јавниот сервис отвори телефонски броеви и на влезот на МРТ отвори шалтери од 8 часот наутро до 20 часот каде граѓаните можат да пријават проблеми со наплатата на сметките.

НЕ СЕ ПЛАЌА 190 ДЕНАРИ ТУКУ ПОВЕЌЕ 

Од самиот почеток на наплатата на радиодифузната такса преку Управата за јавни приходи граѓаните се соочуваат и со неможноста да ги платат сметките без провизија. Па така граѓаните и фирмите наместо 190 денари најмала провизија која можат да ја платат во банките изнесува 25 денари од сметка. Тоа значи дека минималната сума за радиодифузна такса во пракса изнесува 215 денари, додека во банките или поштите најчестата провизија изнесува 40 денари. Вака граѓаните наместо 190 плаќаат 230 денари за радиодифузна такса.

Во услови кога владее конфузија со плаќањето на сметките, и барањето на институциите редовно да се плаќаат МРТ има константен проблем со наплатата на сметките за радиодифузија. Според последните податоци кои МРТ ги соопштува за Фактор, процентот на наплата на радиодифузната такса за 2013 година изнесува 43,1%. Претходно во последниот извештај на државниот завод за ревизија за работењето на МРТ ревизорот укажал дека македонската радио-телевизија книжела издадени, а ненаплатени решенија за наплата на радиодифузна такса и така прикажала зголемени приходи во износ од 5,3 милиони евра. Според ова ревизорот оценил дека извештајот не ја презентира објективно финансиската ситуација на МРТ.

ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА НА НЕКОГАШНИОТ ГИГАНТ

Според буџетот на МТВ за 2013 година, јавниот сервис планирал од радидофузна такса да собере 16 милиони евра, од државниот буџет планирани се 2 милиони и 300 илјади евра, додека милион и триста илјади евра се планирани од реклами. Јавниот сервис до крајот на 2012 година имал долг од 17,8 милиони евра и ненаплатени побарувања од околу 10 милиони евра. Според информациите на Фактор дел од вработените во МРТ имаат проблеми со исплата на хонорарите, а неодамна добиле хонорари за три месеци одеднаш. Од МТВ за Фактор велат дека јавниот сервис нема проблеми со исплатата на платите за вработените, кои се исплатуваат редовно според законскиот рок.

С.Р.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ