Хеликоптери на АРМ ќе го гасат пожарот во битолско
Објавено во: Мои пари 23 Август, 2013
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека се уште е активен пожарот помеѓу селата Лисолај и Древеник во Општина Битола, за чие гасење се ангажирани 106 лица.
Во текот на вечерните часови и рано утринава голем дел од пожарот е ставен под контрола и се продолжува со гасење на местата каде се уште е активен.
Дирекцијата за заштита и спасување поради специфичниот терен, но и поради близината и добрите услови за полнење на вода од акумулацијата Стрежево активира два хелихоптери на Армијата на Република Македонија. Хеликоптерите се веќе упатени и се очекува за краток временски период пожарот да биде локализиран.
Од подрачното одделение на Дирекцијата се на местото на пожарот и ја следат состојбата