18 Мај, 2024
0.0319

Херојот Борче - „Донирај компјутер“ го испрати илјадитиот компјутер: Им докажавме на надлежните дека може да функционира идеја и без пари

Објавено во: Македонија 10 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Борче Стаменов, кавадарчанецот со златно срце, кој поправа стари компјутери и ги донира на семејствата што не можат да си дозволат да купат нови, има голем повод да биде среќен и горд, а и сите ние на него. Борче деновиве го испраќа илjадитиот компјутер на вистинска адреса.

Идејата на Борче да помага на овој начин се родила во 2016 година, сосема случајно, а сега веќе за „Донирај компјутер“ знае цела Македонија. Стаменов е голем емотивец и вели дека не се среќава со оние кои добиле донација од него и од соработниците, но душата му ја греат пораките што ги добива од нив. По повод илјадарката, муабетевме со Борче кој со голем ентузијазам ја организира забавата на 29 август во неговото Кавадарци, и вели дека сите се поканети.

Постигнавте голем успех, 1000 донирани компјутери. За колку време успеавте да ја достигнете оваа бројка?

-Јубилејот за нас претставува огромно достигнување. Да собереш, средиш, спакуваш и испратиш 1000 компјутери и притоа да не потрошиш ниту еден денар не е ниту малку мала работа. Ние до крајот на 2019 имавме некоја бројка од 200 донирани компјутери. Правата “експлозија” се случи кога ни започна пандемијата и беше воведена онлајн наставата. Тогаш се отвори уште една дупка која државата веројатно ја имаше подзаборавено. Понекогаш мислам дека цела оваа авантура ја започнав за да им докажам на сите, а пред сè на надлежните,  дека и иницијатива во која не фигурираат пари може да биде успешна.  Ние со наш труд закрпивме од дупката колку бевме во можност. За нецели 2 години низ цела Македонија се поделија над 800 компјутери. Ако извадиме неработни денови и паузи кои понекогаш си ги даваме излегува дека на ден сме праќале по 4-5 машини спремни за работа. Нормално за ова мора да се заблагодариме на сите добри луѓе и компании кои го слушнаа нашиот повик и се одзваа. Мора посебно да се заблагодариме и на „Еко Логистик сервис“ кои сите наши донации го доставуаат бесплатно! 

Дали на почетокот од оваа хумана мисија имавте зацртана цел, бројка до која планиравте да стасате, се надевавате ли дека ќе стасате до илјада?

-Искрено, не. Јас не сум човек кој планира и гледа надалеку во иднина, бар не во иницијативата која ја создадов. Јас гледам проблем и се обидувам да го решам моментално на мој начин. До сега и сами сте сведоци дека тој систем одлично ми функционира. Исто не сум ни од оние кои премногу се надеваат и на крај завршуваат разочарани. Јас работам на систем “капка по капка”. Започнавме со 20 компјутери, бевме упорни, инспириравме многу луѓе со нашата посветеност и така и стигнавме до првата илјадарка. Ќе стигнеме и до 2000, а може и ќе треба да донираме и надвор од државата како сме тргнати? Наша цел, ако веќе мора да ја имаме,  е во Македонија да нема деца и семејства без компјутери. 

На Фејсбук најавивте прослава по овој повод, како планирате да ја организирате, каде ќе се случува?

-Прославата е замислена како неколкучасовна дружба, да се видиме и да се запознаеме. Ќе се случи на 29 Август, недела. Ја правиме за да им кажеме благодарам на сите оние кои нè поддржаа во нашето патување до тука. Да викнеме уште погласно за уште повеќе народ да разбере за „Донирај компјутер“ и по можност и желба да се приклучат во нашата мисија. Ова е кавадаречка иницијатива пред сè, ќе се одржи во околината на Кавадарци. Идејата е да биде на отворено некаде кај споменикот на 12-младинци. Веќе ни се најавени донатори од цела држава кои ќе го подржат “славењето” со свој прионес. Поради ограничени паркинг места веќе со кавадаречката компанија „Екстра“ договоривме и автобуски линии кои би ги носеле и враќале оние кои ќе решат да нè посетат. Планирани се двајца или тројца диџеи и еден бенд. На влез би се продавале маички кои можеби нема да имаат цена па секој ќе може на тој начин да донира средства според неговите можности. Тие средства ќе ги искористиме нормално да ги платиме маиците, нешто за средување на некои донации на кои им фалат делови и дел за средување на нашите нови простории каде ќе работиме во иднина. До сега работевме во фирмата „Бидат информатика“ каде што сум вработен, но самата иницијатива си бара засебен простор. Веќе ни е официјализирано и здружението „Донирај Компјутер – Кавадарци“ кое го основав за да ни се олесни процесот на примање донации од правни лица и да примаме доонации од страна од оние кои сакаат да нè поддржат. Наскоро ќе објавиме и официјален флаер со програма и локација. Поканети сте сите! 


Целото интервју на Женски магазин


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?