ХОРОР ВО НОВИ САД - питбултериер го убил својот сопственик, синот не можел да влезе во станот и повикал полиција и брза помош
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2024
Куче питбул териер денес во Нови Сад го нападна својот сопственик нанесувајќи му смртоносни повреди, јави дописникот на МИА од Белград.
Брзата помош излегла на местото на настанот, но можела само да констатира смрт.
– Нашата екипа интервенираше по дојава дека куче питбул териер го нападнало сопственикот и му нанело смртоносни повреди. Медицинскиот тим интервенираше по прв приоритет, но можеле само да констатираат смрт на лице место на 56-годишен маж, изјави портпаролот на итната помош д-р Зоран Круљ.
Според медиумите телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот.
Претходно синот на починатиот повикал полиција и итната помош бидејќи не можел да влезе во станот.
Кучето било преземено од ЈП „Зоохигиена и ветерина“ и веќе е успиено, додека полицијата направи увид во станот.
Другите околности на нападот засега се непознати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.