18 Мај, 2024
0.0321

Хотел Континентал со 33% помалку ноќевања во првиот квартал

Објавено во: Економија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во се позаострената хотелиерска конкуренција друштвото Интернешенел Хотелс кое управува со познатиот скопски хотел Континентал бележи голем пад на приходите во првите три месеци од годинава кои иако не важат за особено важни пред летната сезона, сепак укажуваат на послаби резултати од работењето. Интернешенел Хотелс во консолидираниот биланс на успех има остварено пад на приходот од 19% во однос на истиот период лани или оперативни приходи од 15,190 милиони денари. Тоа е пад од околу 1 милион евра.

- Првото тромесечие се остварени помали резултати споредбено со истиот период во претходната година, како резултат на намален  обем на работа. Со оглед на тоа дека основна дејност на Друштвото  е хотелско угостителска дејност, остварени се вкупни 3.978 ноќевања што е за 33% помалку споредбено со 2016, посочуваат од Интернешенел Хотелс.

Оперативните расходи на Интернешенел Хотелс изнесуваат околу 323 илјади евра што е идентично како и во ланскиот прв квартал, а во нив нема измени во трошоците за вработените, суровините и другите материјални трошоци.

Финансиските активности исто така откриваат дека Интернешенел Хотелс има прилично високи расходи за камати кои за три месеци изнесуваат 932.000 денари, речиси двојно повеќе во однос на лани, а тоа од друштвото го оправдуваат со активности на реновирање на хотелот.

- Во првиот квартал друштвото продолжи со започнатите инвестиционите активности за реновирање на ресторанските сали и хотелски соби. Средствата се обезбедени од долгорочен кредит, посочуваат во образложението Интернешенел Хотелс.

Хотел Континентал има капацитет од 197 соби и 6 луксузни апартмани. Во склоп на хотелот има ресторанти, ноќен клуб, бизнис центар, салон за убавина, продавница за подароци и други содржини за гостите.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа