Христијан Мицкоски: Постапката заврши, германска компанија ќе ги набави фингерпринтовите за ДИК
Објавено во: Македонија 07 Август, 2021
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција објави дека Државната изборна комисија по распишувањето на локалните избори ја завршила постапката за набавка на интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите и дека германска компанија победила во јавната набавка.
- Формално постапката за терминалите за отчитувачи на прст, односно фингерпринтови, е завршена и конечно се става крај за сомнежите. Го повикувам МВР да ја санбди ДИК со базата на податоци за отисоците од прст. Од она што го имам како информација, реномирана мултинационална германска компанија е избрана во постапката. МВР веднаш да воспостави комуникација со компанијата и со нејзините членови, изјави лидерот на најголемата опозициска партија.
Мицксоки напомена дека со овој систем нема да има злоупотреба на документите за идентификација на локалните избори.Според објавениот тендер, системот би чинел 720 милиони денари без ДДВ.