15 Декември, 2025
0.0454

Хрватите нема да можат да работат во Швајцарија?

Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2014 09:22

Добивај вести на Viber

Хрватските државјани први ќе ги почувствуваат последиците од швајцарскиот референдум за ограничување на вработувањето на странски државјани. Хрватите веќе нема да имаат слободен пристап до пазарот на труд во Швајцарија, откако оваа земја одби со Загреб да потпише спогодба што ја регулира оваа област, соопшти швајцарското Министерство за правда. Двете земји ја договориле спогодбата минатото лето, откако Хрватска стана членка на ЕУ, но сега Швајцарија вели дека договорот не може да се потпише во истиот облик, откако на референдум швајцарските граѓани се изјаснија за практично поништување на договорот за слободно движење меѓу Швајцарија и ЕУ. Министерката за правда на Швајцарија Симонета Сомаруга ја повика хрватската министерка за надворешни работи да ја извести лично оти нема да биде во можност да го потпише договорот во овој облик, но и да ја увери дека се бара решение за хрватските државјани да не бидат дискриминирани. Не референдумот на 9-ти февруари тесно мнозинство на швајцарските граѓани одлучи да ја поништи спогодбата со која на жителите на земјите-членки на ЕУ им се овозможуваше еднаков пристап до пазарот на трудот во Швајцарија како и на швајцарските државјани. Причина за ваквата одлука беше обидот за справување со зголемената имиграција од ЕУ. Швајцарија не е членка на Унијата,  но има усвоено големи делови од политиката на блокот. Иако економијата на оваа земја е силна, а стапката на невработеност е ниска, Швајцарците сепак се загрижени за можните последици од имиграцијата и можноста нивните работни места да ги преземат доселеници.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството