ХРВАТИТЕ ОТКРИЈА ПЕСТИЦИД ВО ЛУК: Од која земја е производот?

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2025
Хрватите пронајдоа штетни пестициди во германски лук.
Државниот инспекторат на Република Хрватска извести за повлекување на зеленчук поради утврдени штетни материи. Станува збор за чешниња лук на Метро, во пакување од 1 кг, кој е длабоко замрзнат производ. Рокот му трае до 2027 година, но се отповикува поради зголемено ниво на пестициди. Во лукот се пронајдени пестициди забранети за употреба во ЕУ.
„Причината за отповикувањето е што при лабораториски анализи во производот се пронајдени пестициди. Повлекувањето е во согласност со нашиот деловен принцип, според кој здравјето и благосостојбата на клиентите се еден од врвните приоритети. Редовните проверки на квалитетот се вршат од страна на надворешни акредитирани лаборатории и одделот за квалитет на нашата компанија. Доколку сте го купиле производот, немојте да го користите или консумирате и вратете“, велат од компанијата, пренесува Даница.хр.
Неодамна Хрватите уништија зелка од Македонија поради присуство на пестицид кој ги напаѓа органите и му штети на здравјето.
Foto: DANICA.HR / ILUSTRACIJA
Можеби ќе ве интересира
НЕМА САМО ДРЖАВНА ПЛАТА И СИГУРНОСТ, ЌЕ ИМА И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ - кога ќе може да „настрадаат“ административните службеници

САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

ДРЖАВНИ СУПЕРМАРКЕТИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ СО ФИКСНА МАРЖА ОД 10 ПРОЦЕНТИ: Д-р Беќаровски со интересен предлог за отворање Народни Магазини

DEEP SEEK ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА КИНЕСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЧИПОВИ: Трката за поевтина вештачка интелегенција е реална

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните
