ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2025
Снежана Липковска, доајенот на македонското спикерство,
почина денеска. Липковска
беше една од најистакнатите и најпрепознатливи фигури на македонските
телевизиски екрани во 70-тите и 80-тите години, носејќи стил, дикција и
професионалност кои оставија траен впечаток во јавноста.
Нејзината кариера беше тесно поврзана со почетоците и развојот на македонската телевизија, каде што беше водител на централниот Дневник и низа други емисии. Благодарение на нејзиниот радиофоничен глас и умешност, таа стана популарна не само во Македонија, туку и во тогашна Југославија.
Покрај телевизиската работа, Липковска се занимаваше со новинарство и документаристика, внесувајќи креативност и длабочина во своите приказни. Во подоцнежните години, таа ја покажа својата љубов кон литературата, објавувајќи ја збирката новели „Хотелски стории“.
Липковска беше инспирација за многу генерации спикери и новинари, оставајќи зад себе професионално наследство кое долго ќе се памети.
Знаеше како да се носи со славата и беа отворени сите врати, а таа осмислуваше и реализираше ТВ проекти и интересни стории кои се гледаат и прераскажуваат и денес.
Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува
